петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Макрон: Франција ќе застане покрај Македонија за време на првата меѓувладина конференција

Макрон: Франција ќе застане покрај  Македонија за време на првата меѓувладина конференција

Македонското Собрание направи решителен избор за Европа. Франција ќе застане покрај Северна Македонија за време на првата меѓувладина конференција, напиша францускиот претседател Емануел Макрон на „Твитер“.

– Со суверено гласање денес за предлогот што го даде Франција пред крајот од нејзиното претседавање со Советот на Европската Унија, македонското Собрание повторно направи решителен избор за Европа. Франција ќе застане покрај Северна Македонија за време на првата меѓувладина конференција која ќе отвори историска етапа во нејзиниот процес на пристапување кон Унијата, пишува во објавата на Макрон.

Најнови вести