петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Макрон свика безбедносен состанок по убиството со нож во училиште

Макрон свика безбедносен состанок по убиството со нож во училиште

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска свика итен безбедносен состанок во услови на зголемен степен на тревога за терористичка закана предизвикана од убиството на наставникот минатата недела во Арас.

Училиштето во кое наставникот по француски беше смртно избоден со нож беше евакуирано откако потоа беше примена закана за бомба. Меѓутоа, неколку стотици ученици и наставници се вратија во зградата откако заканата за бомба се покажа дека е лажна.

Три лица се повредени во нападот, извршен од поранешен матурант во училиштето, осомничен за исламски радикализам.

Во саботата, Лувр и Версајската палата беа евакуирани по аларми, вклучително и за бомба.

Макрон го откажа планираното патување во странство за да свика пладневен безбедносен состанок со премиерката Елизабет Борн и други членови на владата, како и високи воени и антитерористички претставници. Тој требаше да учествува на самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес во албанскиот главен град Тирана.  (МИА)