петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Макрон и ЕУ откриваат дека на маса е финален компромис: Што крие владата од македонските граѓани?

Макрон и ЕУ откриваат дека на маса е финален компромис: Што крие владата од македонските граѓани?

По најавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека е уверен оти е постигнат добар компромисен договор за Бугарија и Македонија, од Советот во ЕУ ги поздравија неговите напори, јави дописничката на МИА од Брисел.

„За прашањето на пристапувањето на Северна Македонија, ги продолживме нашите консултации со македонските и бугарските власти затоа што нашата заложба за европската перспектива на Западниот Балкан е да можеме да ги отвориме првите поглавја за С Македонија и Албанија. Врз основа на овие консултации, уверен сум дека најдовме компромисно решение кое одговара на сензибилитетот на секој. Во интерес на Бугарија и на Северна Македонија, прифатлив за сите“, изјави Макрон.

Како што објаснуваат високи дипломатски извори за новинарите во Брисел попладнево на маса е сега ставен „финален компромис кој одговара на преокупациите што ги изразија Бугарија и Северна Македонија“.

-Ако предлогот биде прифатен ова ќе овозможи исчекор за кој ЕУ работи веќе две години, изјави висок дипломатски извор за новинарите во Брисел.

Тој рече дека ЕУ го поздравува ангажманот на француското претседателство да се постигне заеднички прифатливо решение за отворањето на преговорите со Македонија.

Доколку двете страни го прифатат предлогот веднаш ќе може да се усвои преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ за Македонија, но и за Албанија, по што ќе може и да се свикаат првите меѓувладини конференции.

Од ЕУ потсетуваат дека ставот на претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, е дека иднината на Западниот Балкан е во ЕУ.

– Овој предлог е резултат на активен ангажман за изнаоѓање на заеднички прифатливо решение и одговарање на преокупациите на двете страни, велат дипломатите.

За сево ова, македонските граѓани дознаваат од странски медиуми и изјави на политичари и институции надвор од нашите граници. Македонската Влада веќе предолг период се однесува како нешто да крие, молчејќи за тоа со што тргува и што договара.

Најнови вести