Македонската асоцијација на новинари МАН го охрабрува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да истрае во борбата против лажните вести и креаторите на истите.
-На увид на неговиот правен тим ќе му доставиме пресуди против новинари, членови на МАН за пренесен текст и/или изјава, што е судска пракса воспоставена благодарение токму од овие креатори на јавен линч кои сега се ставаат во улога на наводни жртви, велат од МАН.