вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Манаскова: Министерството за култура запоставува Национални установи на сметка на невладини организации

Манаскова: Министерството за култура запоставува Национални установи на сметка на невладини организации

Собраниската комисија за култура денеска организира надзорна расправа за „Културните политики и начинот на донесување на годишната програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес, со посебен осврт на реализација на програмата за 2018 година”

Објавувањето на програмата од страна на министерството наиде на жестоки реакции во јавноста и кај уметничките и културни работници кои тврдеа дека средствата се делени на апликантите блиски до власта.

На расправата во Собранието за начинот на распределба на средствата одговараа министерот Адеми, поранешниот министер Алаѓозовски, како и советниците во министерството за култура.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Магдалена Манаскова во нејзиното прашање до министерот запраша зошто голем број на национални установи од областа на културата како што се Центарот за култура во Гевгелија ,Центарот за култура во Тетово како и Музејот на современа уметност во Скопје, добиле многу помалку средства за реализирање на целокупната годишна програма, за сметка на некои здруженија или невладини организации кои што добиле сериозно поголема сума на пари за реализација на еден единствен проект.

На тоа министерот Адеми одговори дека стручни лица ја работеле програмата и дека секогаш ќе има незадоволни страни. Од страна на пратеничката Манаскова беа побарани биографии од членовите на Комисијата која одлучувала за да може да се утврди нивната стручност.

Најнови вести