Министерот за информатичко општество и администрација денеска преку видеото „30 прашања“ ги навреди земјоделците со тоа што јавно кажа дека него го советувале да бега од мотика.
На прашањето кој е најдобриот совет што си го добил Мачевски одговара дека него го советувале да бега од мотика и политика.
-Од мотика и политика бегај, ама ова второво не го почитувам.
Со ова тој јавно ги навреди земјоделците кои макотрпно си го заработуваат лебот произведувајќи најразлични земјоделски култури, а потоа и продавајќи ги на пазарите.