понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Манчевски нема пари за вработување на лектор по македонски јазик, но има за вработување на партиски војници

Манчевски нема пари за вработување на лектор по македонски јазик, но има за вработување на партиски војници

Во вчерашното Отворено студио на 1ТВ гостуваше министерот за информатичко општество и администрација кој во еден момент посочи дека нема лектор по македонски јазик во своето министерство, а за да има требало да вработи но целта му била да не се трошат парите на вработувања.

„Пред неколку дена бев на една друга телевизија и нема да ја споменам, ме прашуваа дали имате лектор по македонски јазик во МИОА и викам немам. Па знаете ли дека имате законска обврска? И сега треба да вработам, така? И ред на други законски обврски кои што се еве еден пример ви кажувам. Тоа е жива материја, ама каде е одговорното однесување да се следат потребите на институциите, да се следи одливот или да се намали приливот“- додаде Манчевски.

Министерот Дамјан Манчевски изјави дека нема пари за лектор по македонски јазик, а тоа е законска обврска и наместо да вработи и да ја следи регулативата, тој на 14 јануари има распишано конкурс за вработување на 7 (седум) лица на определено време до крајот на тековната фискална 2019 година.

Во самиот оглас се бараат помлади соработници, референти и советници.

 

Најнови вести