вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Манчевски призна дека Владата на СДСМ не донесе ниедна инвестиција

Манчевски призна дека Владата на СДСМ не донесе ниедна инвестиција

Дамјан Манчевски, министерот за информатичко општество и администрација, призна дека СДСМ нема донесено ниту една инвестиција и дека нема отворено ниту една фабрика.

-Во ред е, ниедна фабрика не се отвори. Ама ниедна, призна министерот Манчевски пред јавноста.

Во студиото на емисијата „Отворено“ на 24 телевизија пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев упорно го прашуваше која фабрика власта на СДСМ ја отвори во Македонија. Министерот Манчевски одбиваше да одговори, се додека упорноста на Ѓорчев не го натера да признае пред јавноста дека власта на СДСМ нема ниту една инвестиција, ниту една фабрика донесено.

На тоа се надоврза Влатко Ѓорчев кој потенцираше дека во Македонија од страна на СДСМ се донесени само дилери и кокаин како политички фактори.

-Единствен инвеститор којшто го донесовте е Биг Мајк, белосветски криминалци коишто патот не може да им го фатиме. Каде ви е е Facebook, каде ви е Google? Една инвестиција, Манчевски, немате донесено, поентираше пратеникот Ѓорчев.

Најнови вести