петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Манојловски: Имаме масовно и трајно ислеување поради неспособноста на власта

Манојловски: Имаме масовно  и трајно ислеување поради неспособноста на власта

Пратеникот Горан Манојловски од ВМРО-ДПМНЕ  денеска на пратенички прашање,  се обиде на ироничен начин да ја покаже неспособноста на власта и сите лаги и манипулации, кои во изминатиот период ги кажаа пред јавноста.

За на крај ништо од тоа што го ветија да не го реализираат.  Катастрофалните политики и неуспехот на секое поле, кое се повеќе допринесува за зголемување на иселувањето. Манојловски преку иронија се обиде да  посочи дека розевите очила кои ги има ставено власта да ги тргне.

– Слушајќи ги постојано партиските мегафони на СДСМ морам да забележам дека во Република Македонија навистина дојде живот. Дефинитивно како држава бележиме голем успех на намалување на сиромаштијата во Македонија, насекаде се говори дека е намалена невработеноста. Можам да констатирам дека невработеноста е навистина намалена само поради една причина затоа што имаме масовно иселување на граѓани од нашата земја, граѓани кои еднаш за секогаш се иселуваат, кажа Манојловски.

Манојловски иронично вели дека како што најави СДСМ пред избори дека платите на лекарите ќе бидат 100.000 денари, така и реализира, па сега дури и министерот морал да ја замоли Германија на прес-конференција да не ги прима нашите лекари, бидејќи тука платите се колку и во Германија.

– Сега имам една голема дилема дали откако ќе се вратат да ги вратиме веднаш на работа онака со германско искуство или да им дадеме рок од 4 месеци така европски да го исчистат дворот од Клинички центар за нивните европски плати, вели Манојловски.

Манојловски продолжи низ иронија да ја доловува суровата реалност која ја живееме благодарение на СДСМ, па кажа дека СДСМ како што вети веднаш ја укина партиципацијата за болничко лекување за сите граѓани, па сега веќе нашите пациенти се лекуваат кај лекари што имаат европска пракса.

Додека од друга страна, пациентите повеќе нема за што да се грижат, бидејќи нема лекови после 10-ти во месецот.  Тој посочи дека откако е “дојден животот“ во Македонија луѓето помалку се разболуваат.

Најнови вести