Најдобриот македонски пливачки маратонец, Евгениј Поп Ацев победи денеска на Интернационалиот олимписки пливачки маратон на десет километри, кој се одржа во Охрид, на кој верувале или не само тој си пливал на оваа најдолга делница и нормално – победил.
Поп Ацев од пливачкиот клуб Вардар 2018 десетте километри кои се пливаа во круг во македонскиот бисер, трката ја заврши со време од 2:15,56 часа, а сооглед дека беше без конкуренција како единствен пливач, ова време беше и најдобро на оваа делница.
Се пливаше на уште две делниви, на 5 километри најбрз беше Андреј Стојановски (ПФМ) пред Божидар Мирчевски (ВиП Работнички) и Петар Краљевси (Аква Куманови). Во женска конкуренција на истата делница од пет километри победи Јана Костадиновска пред клупските другарки Калина Стојчевска и Лина Јордановска, сите од ПК Младост.
На двојно покусата делница од 2,5 километри, прв беше Андреј Крстевски од ПВК Орион, пред Марио Ѓузиќ и Мане Манов, додека воженска конкуренција најбрза беше Калина Стојановска.