сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Маричиќ и Спасовски без НАТО сертификати – Едниот поради соработка со служби, а другиот поради корупција

Маричиќ и Спасовски без НАТО сертификати – Едниот поради соработка со служби, а другиот поради корупција

НАТО алијансата без безбедносен сертификат остави и двајца министри од владата на Заев, а речиси и да нема човек од СДСМ и во владата на кој НАТО може да му додели ваков сертификат.

Имено, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за правда Бојан Маричиќ се без НАТО сертификати.
Се поставува прашањето од кои причини истите не можат да добијат таков сертификат. Дали кај едниот станува збор за корупција а другиот поради соработка со други служби?

Ова прашање вчера го покрена потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој дирекно ги повика министрите Спасовски и Маричиќ да одговорат дали се без НАТО сертификат поради тоа што едниот имал соработка со странска служба, а другиот поради корупција.

Во вчерашната изјава пред судот потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски околу не добивањето на НАТО сертификати за министрите Спасовски и Маричиќ истакна дека станува збор за голем скандал и истите треба да си поднесат оставка.

-Мислам дека се работи за апсолутен скандал и минимум што треба да направат е да поднесат оставка еве една јавна провокација, јас не сакам да бидам досаден во изјави, значи една јавна провокација до двајцата дали едниот нема безбедносен сертификат заради соработка со служби кои што не се дел од НАТО алијансата вториот заради корупција, кажа Николоски.

Инаку, НАТО веќе и врати на Шекеринска двајца претставници од Брисел.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека цела влада на Заев и нивните кадри се проблематични за НАТО, Спасовски и Маричиќ се едни во низата претставници на власта на Заев кои не добиле сертификат, НАТО веќе и врати на Шекеринска двајца претставници од Брисел.

Најнови вести