Во денешното интервју на министерот за европски прашања Бојан Маричиќ на емисијата Топ Тема на ТВ Телма министерот изјави дека причината за информативниот мрак од страна на Валдата кон јавноста е поради сензитивната ситуација во Бугарија, односно пред неколку дена беше закажана седница на Собранието во Република Бугарија каде што се гласаше доверба на Владата на Петков на која што и беше изгласана недоверба.
Според изјавата на министерот можеме да дојдеме до заклучок дека очигледно поважно беше така нареченото „преживување“ на Владата на Петков од транспарентен однос кон граѓаните и целокупната јавност.
Ние во соработка со нашите партнери и од ЕУ и од САД дојдовме до еден заклучок дека е најдобро во овие денови кога се одлучува политичката судбина на Петков и неговата Влада не треба да се излегува во јавност за да не влијаеме на гласањето на доверба на Влада таму или на оценката за предлогот од нивна страна, изјави Маричиќ.