Вицепремиерот Бојан Маричиќ се противи на барањето да се организира референдум за одобрување на преговарачката рамка, барање од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
Тој посочи дека 2/3 мнозинство ќе биде доволно за да се даде легитимитет на процесот. Маричиќ смета дека евентуалниот референдум би бил само за политички поени.
– Ние имаме научени лекции, се сеќавате дека опозицијата инсистираше на референдум за договорот со Грција. Тоа во 2018 година го прифати и Владата, тогаш на Заев, решивме да организираме референдум, кој што, партијата која го бараше, реши да го бојкотира. На тој начин отвори дамка, остави една сенка на процесот, иако можеше да учествува и да се затвори. Мислам дека тоа треба да ни е научена лекција. Имаме доволен капацитет и легитимитет на институциите, особено на Собранието, да дискутира, разговара, преку дијалог да дојдеме до 2/3 мнозинство, што е доволен легитимитет на уставните измени без референдум. Ова е мој личен став, Владата нема став. Мој личен став е дека од тоа нема потреба, а институциите треба да си ја преземат одговорноста, наместо да се користи евентуалниот референдум за политички поени, кажа Маричиќ.