понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Марковски: Црниот биланс на починати од КОВИД 19 е доказ дека владата не знае да се справи со пандемијата и затоа мора да поднесе одговорност

Марковски: Црниот биланс на починати од КОВИД 19 е доказ дека владата не знае да се справи со пандемијата и затоа мора да поднесе одговорност

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ д-р Вело Марковски вечерва во емисијата “Само вистина” на Канал 5 телевизија истакна дека владата мора да поднесе одговорност за големиот број на починати од Ковид-19 во државата. Црниот биланс покажува дека Македонија не се справува со пандемијата на ниво, како што тоа го прават другите европски и светски земји.

-Генерално што е најголемата грешка. Тоа е паролата “седите дома” на пациентите, јавувајте се по телефон и немојте да одите на лекар. Штедете ги лекарите, немојте по рецепти одите во аптеки. Значи маса на луѓе оставивме без да ги види матичен лекар што е нон-сенс. Тука ние имаме проблем. И после кажуваат доцна им доаѓале пациентите. Па, како да доаѓаат кога вие им кажувате да не доаѓаат на лекар. А клиничката слика од пролетта до сега е сменета кај пациентите од Ковид-19. Скоро кај сите починати постои бактериска пнеумонија со јасни параметри, со високо CRP, со висока седиментација и пореметени фактори на коагулација. И затоа пациентите треба да ги лекуваме соодветно. Не смее да се пушти пациент да не биде виден, да не биде прегледан. Другиот проблем е раното давање на антибиотици. Давање на антибиотик за време на вирусна инфекција може да има катастрофални последици. Тоа не е мој став, тоа е став на науката. Се прашувам дали се вклучени најдобрите доктори, најдобриот персонал, неможете вие да одите само со партиски членови во борбата со оваа епидемија, посочи Марковски.

Владата направи карантин кога имаше 10 или 11 проценти исполнети болнички капацитети, продолжи тој, а сега кога се преполнија болничките капацитети владата воопшто нема идеја што – како.

-Потрошивме 2 милијарди евра, направивме карантини, вонредни сосотојби без да прогласиме епидемија во време кога бројката на позитивни на корона беше драстично помала. Кој ќе одговара за тоа. Поради сето ова ВМРО-ДПМНЕ бараше и опозицијата да биде вклучена во Комисијата за заразни болести, да даде предлози, мислења, да помогне во овие тешки времиња во борбата со корона вирусот, вели Марковски.

Најнови вести