четврток, 1. август 2024. Вести денес: 0
home Вести

Матицата на иселеници ќе ја претставува земјава на фестивал во Анталија

Матицата на иселеници ќе ја претставува земјава на фестивал во Анталија

Матицата на иселеници од Македонија на покана од невладината организација „Балканска кооперација“ (Balkan Kooperatifi) од Измир, Турција, ќе ја претставува државава  на фестивал за фолклор и култури во Анталија, Турција.

-На фестивалот „Antalya Yörük Türkmen Festivali“, кој ќе се одржува од 3 до 5 ноември, македонскиот фолклор ќе биде претставен од фолклорното друштво „Студио Блажевски“ со кореографии на Јовица Блажевски, а македонската етнокултура преку експонати од Најмалиот етномузеј на светот на Симеон Златев-Моне, соопшти Матицата на иселеници.

Фестивалот е интернационален и се одржува вторпат, годинава во знакот на 100-годишнината од Република Турција. Ќе учествуваат 81 здружение и 25 општини.

Најнови вести