петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Земјотрес ја погоди Анталија, нови потреси по ужасната трагедија во Турција

Земјотрес ја погоди Анталија, нови потреси по ужасната трагедија во Турција

Земјотрес со интензитет од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран денеска во турската медитеранска област Анталија, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер.

Според податоците на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни ситуации, епицентарот на земјотресот бил во реонот на градот Дексмо на длабочина од седум километри. Потресот е регистриран во 11:54 часот по локално време.

Повеќе од 50.000 луѓе загинаа во Турција, а 115.000 беа повредени во двата разорни земјотреси на 6 февруари со јачина од 7,7 и 7,6 степени. Тешко погодена беше и соседна Сирија, каде исто така имаше илјадници жртви. (МИА)