петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Маж и жена од Велес осомничени за продажба на хероин, еве како се обиделе да се спасат кога им влегла полицијата

Маж и жена од Велес осомничени за продажба на хероин, еве како се обиделе да се спасат кога им влегла полицијата
илустрација

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 39 и 36 години, бидејќи постои соновано сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничените маж и жена, кои живееле заеднички како вонбрачни партнери, во својот дом држеле наркотична дрога – 94,18 грама хероин во повеќе различни пакувања. При претресот на домот, осомничената преку прозорецот од куќата надвор исфрлила дел од наркотичната дрога, информираат од Обвинителството.

Полицијата во куќата пронашла и други предмети кои укажуваат на намерата за илегална продажба на дрога – една дигитална вага, пари, тетратка со записи за неплатени долгови од лица и платежни картички на име на различни лица.

Од ОЈО велес додаваат дека постои опасност од повторување на кривичното дело, како и можност за бегство на осомничените, јавниот обвинител предложи да им биде определена мерка притвор. Судијата на претходна постапка од Основен суд Велес го прифати предлогот и на осомничените им определи притвор во траење од по 30 дена.​​

Најнови вести