недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Хероин пронајден кај затвореник

Хероин пронајден кај затвореник

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Ш.(26) од с.Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Пријавениот, кој се наоѓал на издржување на казна во КПУ Затвор Штип, организирал и набавил хероин, кој во пакет со други продукти му бил доставен преку брза пошта во затворот, со намера да го продава.

При контрола на затворските службеници хероинот бил пронајден и одземен.