На 07.07.2023 полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода И.А. (42) и М.С. (40), двајцата од Куманово.
При преглед на патничко возило управувано од И.А. бил пронајден хероин.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.