вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Медена земја, „зашеќерен пи-ар“: И Атиџе ја политизираа за лични цели

Пиарџиите на СДСМ изгледа дека решиле на грбот на Атиџе Муратова да прават хуманист и од градоначалникот на Лозово, Ацо Велковски, кој пред извесно време беше обвинет за мобинг врз вработена жена во општината, која пак низ солзи ја раскажуваше својата голгота. Има ли пилот во авионот на пи-арот на СДСМ, или не е еден, туку се 300?
Медена земја, „зашеќерен пи-ар“: И Атиџе ја политизираа за лични цели

Скромната и кротка Атиџе Муратова, жената околу која се ткае приказната во двократно номинираниот филм за Оскар „Медена Земја“, деновиве како да го преживува дејствието од филмот во својот реален живот.

Ако во документарецот главни негативци се „дојденците“ кои не припаѓаат во нејзиниот микрокосмос во кој со посебна љубов се грижи за пчелите, размислуваат само на личен профит и го нарушуваат природниот баланс околу кој Атиџе ја обвива својата витална енергија, деновиве во нејзиното секојдневие има нови „дојденци“- се` почесто околу Атиџе доминира политиката која се чини дека сака да ја злоупотреби популарноста на оваа кротка и мирна жена и на најуспешниот филм кој излегол од Македонија, „Медена земја“.

Па така, пиарџиите на СДСМ како Коста Петров и останатите, изгледа дека решиле на грбот на Атиџе Муратова да прават хуманист и од градоначалникот на Лозово, Ацо Велковски, кој пред извесно време беше обвинет за мобинг врз вработена жена во општината, која низ солзи ја раскажуваше својата голгота.

Сето ова не е пречка за луѓе без критериум за човечност и срам да ја злоупотребат искреноста и наивноста на скромната Атиџе, за да го „перат“ градоначалникот од кој проплакала неговата екс-вработена, па тој да и нуди работно место на Атиџе во општина Лозово.

Останува уште да каже дека ќе и го даде работното место на избрканата расплакана малтретирана жена, за да овој апсурден циркуз достигне ново ниво.

Но тоа не е се: Атиџе ќе добиела работно месо „но по Оскарите“ (ако не добие Оскар, ништо од бизнисот?) и плус, обвинетиот за мобинг врз жени, Велковски, ќе и помогнел на Атиџе да сними две песни?!

Има ли пилот во авионот на пи-арот на СДСМ, или не е еден, туку се триста?

Најнови вести