недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Голем повод за славење во домот на Атиџе – куќата конечно реновирана, а таа радосна го зема микрофонот и запеа (ФОТО+ВИДЕО)

Голем повод за славење во домот на Атиџе – куќата конечно реновирана, а таа радосна го зема микрофонот и запеа (ФОТО+ВИДЕО)

Медената Атиџе Муратова од македонскиот документарен филм „Медена земја“ кој беше номиниран за Оскар, за многу брзо време ги освои симпатиите на македонската, но и светската публика.

Таа деновиве имаше многу убав повод за славење.

Имено куќата во која што живее потоплно е реновирана со помош на Сузана Турунџиева и група на хумани луѓе.

Турунџиева која стана многу блиска пријателка со Атиџе во последнава година, на својот Фејсбук профил објави фотографии од новата реновирана куќа на Атиџе.

– Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза. Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива на Мариа Дудаи нејзиниот сопруг станаа дел од големата донаторска мисија на која спонтано се приклучивме многу луѓе (од целиот свет) со една единствена цел – да и овозможиме достоинствен живот на Атиџе и да ја направиме среќна! Ви благодариме, напиша Турунџиева.

Атиџе доби и торта со илустрации од „Медена земја“.