недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ЗДАНИЕ КОЕ ЛИЧИ НА ХОТЕЛ – домот на Цеца во Житораџе опколено со огромни ѕидови и метална капија, а еден детаљ внатре се гледа само од дрон (ВИДЕО)

ЗДАНИЕ КОЕ ЛИЧИ НА ХОТЕЛ – домот на Цеца во Житораџе опколено со огромни ѕидови и метална капија, а еден детаљ внатре се гледа само од дрон (ВИДЕО)

Светлана Цеца Ражнатовиќ е родена во српското село Житораџе во близина на Прокопље каде и пораснала со својата сестра Лидија и родителите, таткото Слободан и мајката Мира.

Екипата на емисијата „Папарацо Лов“ го посети родното место на пејачката, каде поразговараа и со мештаните во врска со неа.

Тие се едногласни дека пејачката ретко доаѓа во родниот крај, додека нејзината сестра Лидија многу почесто ја гледаат во селото.

Селаните додаваат дека двете доаѓаат само за славата, а во меѓувреме потврдија дека Цеца била одличен ученик во средното училиште кое го учела вонредно, бидејќи пеела.

Екипата потоа се упатила кон нејзината куќа која е изградена пред повеќе од две децении, а од дрон може да се забележи огромното здание кое наликува на хотел, особено се забележува дворот во кој има огромни зелени дрва и цвеќиња за кои се грижи со години нејзината мајка.

Она што е видливо е огромната метална капија и камените ѕидови кои им дава целосна приватност на нејзините родители.

Најнови вести