сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ВАКВА ДРАМА НЕМАЛО НИТУ СО КАРЛЕУША – Саша Поповиќ и кажа на Цеца да си оди дома, таа си ги собра парталите и излета од студиото! (ФОТО)

ВАКВА ДРАМА НЕМАЛО НИТУ СО КАРЛЕУША – Саша Поповиќ и кажа на Цеца да си оди дома, таа си ги собра парталите и излета од студиото! (ФОТО)

Саша Поповиќ и Цеца Ражнатовиќ жестоко се скараа во емисијата „Ѕвездите на гранд“, па тој на шега ја испрати Цеца дома, по што таа веднаш го напушти студиото.

Имено во емисијата „Ѕвездите на гранд“ се уште е турбулентно кога се во прашање членовите на жирито и нивните ставови околу кандидатите.

Прво Вики Миљковиќ му замери на Саша Поповиќ бидејќи тој не и дава доволно време како би го изнела својот коментар.

-Мене воопшто не ми се доволни 30 секунди, веднаш да ти кажам. Таман ќе почнам да зборам, ти го притискаш тастерот, вели Вики, а потоа Поповиќ ја праша што точно сака да каже.

Веднаш потоа се случи и несекојдневна ситуација помеѓу Поповиќ и Ражнатовиќ, а сето тоа поради кандидат за кои Цеца имала критика, а меѓу другото и за неговиот стајлинг – поточно премалото сако на него.

-Добро Светлана можеш да станеш и да му го извлечеш сакото, изјавил Поповиќ, не мислејќи дека таа навистина ќе стане и ќе го направи тоа.

„Мислиш дека нема?“, стана Цеца и тргна на пат кон сцената, потоа Саша добронамерно и порача да не се нервира околу кандидатите и гласањето.

-Иди дома, како ти се вика оној сладок?, продолжил Поповиќ, а пејачката бурно изреагира.

-Довидување, никаков проблем, одам јас, рече Цеца и си ги собра работите и го напушти студиото, а Саша ја молеше да се врати.

Најнови вести