Јавноста се уште е во шок поради случајот со злоставување на малолетници во домот 25 Мај. Дека темата е актуелна покажа и емисијата Несомнено во која гостуваше портпаролот на првата детска амбасада Меѓаши Татјана Гоговска.
Таа истакна дека сите факти укажуваат на тоа дека потфрлила целата структура на функционирање на структурите на државата.
– Потфрли домот, потфрли центарот за социјални грижи против кој во петокот се покрена постапка и кривични пријави против 11 вработени. Меѓутоа ние се уште чекаме да слушнеме дека е покрената кривична пријава и против директорот и вработените во домот 25 Мај кои директно со години и со децении беа инволвирани и знаеа при нивни проверки во секојдневието што се случува таму. И сето тоа го заташкуваа и не го пријавуваа. Потоа затаи МВР. Значи кога има таков случај веднаш се поднесува кривична пријава. Значи имате девојче најдено на улица во безсознание донесено во болница. Утврдено е дека е сексуално злоупотребувано, утврдено е дека дете од домот за деца 25 Мај. Истрагата веднаш требаше да почне. Истражните органи веднаш требаа да излезат и да почнат да го следат и да го расчистуваат случајот. И она што мораме да го кажеме и што и понатаму ќе се залагаме дека не само за овој случај, истрагата односно обвиненијата треба да се прошират и целосно да се истражат и други случаи да речеме според кривичниот законик како е дали последните пет шест години. Да се утврдат сите оние кои биле вклучени. И не само МВР, обвинителстовот, центарот за социјални работи, министерство за труд и социјала, домот 25 Мај, тука е и министерство за образование бидејќи тие се и школски деца. Министерството за здравство е подеднакво виновно, ако вие имате во болница пациент во таква состојба морате да реагирате. Значи сите институции затаиле во овој случај и во овие децении наназад затајуваа затоа што ги премолчуваа настаните што се случуваа во 25 Мај, рече таа.