Меѓународен конгрес за квалитет и безбедност на храна, здравје и нутриционизам ќе се одржува од денеска до петок во Охрид.
На конгресот ќе присуствуваат над 150 научници, истражувачи, експерти, како и претставници на владини и невладини претставници кои работат во областата на производството и преработката на храна, квалитетот и безбедноста на храната, нутриционизмот, хигиенското инженерство и дизајн, иновативните технологии и новите трендови во прехранбената индустрија.
Конгресот се оджува во соработка со Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн и Иницијативата за глобална хармонизација.
(Миа)