петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мендух Тачи одлепувал плакати и кршел билборд на Алијанса за Албанците во Тетово

Мендух Тачи одлепувал плакати и кршел билборд на Алијанса за Албанците во Тетово

Мендух Тачи, актуелен пратеник од политичката партија ДПА, доцна синоќа учествувал во вандалски чин во Тетово, пренесува Слободен печат.

Имено, станува збор за одлепување на плакати и кршење на билборд на кој бил истакнат кандидатот за градоначалник на политичката партија Алијанса на Албанците во Тетово.

„Денес во 01:50 чaсот во СВР-Тетово било пријавено дека на ул.„Илинденска“ од страна на неколку лица кои се движеле со ПМВ „Голф“ и ПМВ „Ауди“ црна боја со затемнети стакла, биле одлепувани плакатите, а во близина на бензиската пумпа на „Макпетрол“ бил и искршен билборд на кој бил истакнат кандидатот за градоначалник од политичката партија Алијанса на Албанците“.

По преземените мерки, набрзо биле пронајдени и стопирани возилата од страна на УПС и при легитимирањето било констатирано дека во едно од возилата, ПМВ „Ауди“ се наоѓа пратеникот од редовите на ДПА, Мендух Тачи.

Откако е извршена консултација со ЈО лицата веднаш биле ослободени, а по преземање на соодветни мерки настанот ќе се процесуира по редовна постапка.

Најнови вести