недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германската министерка Бербок ја одложи планираната посета на Лондон поради лошите временски услови

Германската министерка Бербок ја одложи планираната посета на Лондон поради лошите временски услови

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја одложи планираната посета на Лондон поради нагло влошување на времето во Ирска, јави ДПА.

Бербок денеска требаше да полета од Даблин до британската престолнина за да се сретне со својот колега Џејмс Клеверли.

Разговорите меѓу двајцата министри би се одвивале во рамките на Стратешкиот дијалог меѓу Велика Британија и Германија, договорен кон средината на минатата година. Предвидените теми не ја вклучуваат само ситуацијата во Украина, туку и образовната размена меѓу двете земји по „Брегзит“. (МИА)