недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мендух Тачи: Пендаровски не е консензуален кандидат, тој е кандидат на Владата

Мендух Тачи: Пендаровски не е консензуален кандидат, тој е кандидат на Владата

Стево Пендаровски не е заеднички кандидат, ниту консензуален кандидат на претседателските избори. Тој е кандидат на Владата, рече Мендух Тачи, лидер на Демократската партија на Албанците во емисијата “Клик Плус“ на телевизија 21. Тачи додаде дека ДПА ќе ја поддржи кандидатурата на Пендаровски.

– Консензуален кандидат ќе биде претседателот на Македонија кога ќе се избери претседател Албанец. Да ги оставиме настрана зафрканциите. Консензус, е збор кога ти на на малцинството му даваш едно право, рече Тачи.

Дој додава дека не треба да си играме со зборови, ние дадовме збор дека го поддржуваме заедничкиот кандидат на Владата, но во однос на пресудата за изборни нерегуларности, Тачи вели дека тоа е неправда, а не правда. Тоа нема врска со правдата и јас, вели Тачи ќе продолжам да ја барам мојата правда во сите случаи, дури и во меѓународните институции.

Најнови вести