недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мендух Тачи реизбран за претседател на ДПА на конгрес во Тетово

Мендух Тачи реизбран за претседател на ДПА на конгрес во Тетово

Демократската партија на Албанците (ДПА) информираше дека денеска на конгрес на партијата го реизбрала Мендух Тачи за претседател. Осмиот конгрес беше одржан во Тетово.

–Воедно, беше одобрена и резолуцијата преку која и ДПА се обврзува да преземе конкретни активности за тоа да се измени уставниот член во кој е предвидено дека „друг јазик што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните“, да се замени со „албански јазик како службен јазик во Република Македонија, информираа од партијата.

Службата за информирање при ДПА соопшти и дека на конгресот е избран нов состав на централното собрание. (МИА)

Најнови вести