Претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ Тони Менкиноски во гостување во емисијата Анализа на телевизија 24, му порача на министерот за правда Бојан Маричиќ дека програмата на СДСМ за делот на правото, насловен ред и дисциплина е препишана програма од фашистичката партија на Бенито Муселини.
Тој што ви ја пишувал програмата дали знаете од каде ја препишал. Познат ли ви е овој лик. Бенито Муселини, од таму ви се преземени, дури дополнително во програмата имате флоскули од Бенито Муселини. Ова е програмата ред и дисциплина на Бенито Муселини и вие многу доброа знаете некој кој ви ја правел програмата, дури семантички препишувал од таа програма која е фашистичка, му порача Менкиноски на Маричиќ.
Менкиноски, вели дека се урива принципот на демократијата со најавената ревизија на судските пресуди изминатите 5 години, додавајќи дека овој процес е необјективен и нетранспарентен, односно како што рече тој, ова ќе го искористат во заплашување на одреден број на судии да носат сега не по телефон, туку во четири очи пресуди, бидејќи ќе бидат под надзор.
Велите темелна ревизија на 5 проценти од сите судски пресуди од последните 5 години по случаен избор. Видете господине Маричиќ или имате правда или немате правда, значи од неправда не никнува правда. Вие ако имате искрена намера, ова е само политички флоскули и добивање на кои слуачеви вие сакате да им направите ревизија. Така што сметам дека овој процес ќе ви биде необјективен, нетранспарентен, и дури овој процес вие ќе го искористите и уверен сум во тоа, во заплашување на одреден број на судии да носат сега не по телефон, туку во четири очи пресуди, бидејќи ќе бидат под надзор, изјави тој.
Ова ќе биде преседан во демократијата каде министерот за правда значи директно ќе влијае кои судии ќе бидат подобни, а кои нема да бидат подобни. Значи вие ги урнисавате демократските принципи и вешто се обидувате да скриете многу работи на пример последниот Извештај на Стејт Департментот каде што кажува во делот на корупцијата во судството има сериозен проблем, рече Менкиноски.