Тони Менкиноски од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Вин Вин“ зборуваше за законот за јавно обвинителство и истакна дека она кое што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го кажа на прес конференција, стручната јавност на комисиската расправа тоа го потврди.
– Само стручната јавност потврди дека овој закон има потреба од редифинирање на многу работи и дека со овој закон СДСМ во изминатиот период цело време турка една приказна дека ВМРО-ДПМНЕ е тоа што не сака да се донесе закон за јавно обвинителство како ВМРО-ДПМНЕ да е против ЕУ и НАТО стандардите. Тоа ние го докажавме и тоа практично со амандмани, со конструктивни приоди и со конструктивни решенија во целокупниот процес на преговарања, истакна Менкиноски.
Тој во своето гостување го додаде и следното:
-Многу е жално да на крај иако ние во текот на преговорите баравме Венецијанската Комисија да го види тој текст на закон кој го имаа претходно, но СДСМ не дозволија, не сакаа и жално е на крај вие да ја повикате стручната јавност на два дена на инсистирање и на револтирано напуштање на салата да побарате да се повика стручната јавност да го каже својот збор кон овој закон.
Менкиноски порача дека ВМРО-ДПМНЕ сака да се донесе овој закон, но тој да биде согласно меѓународните стандарди и да претставува закон со кој треба да се направи редефинирање на целокупното јавно обвинителство.