четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мери Николова: Заев, ти си најголем лажго, здравството ти е дно!

Мери Николова: Заев, ти си најголем лажго, здравството ти е дно!

Зоран Заев е најголем лажго, обвинува Мери Николова Буџаку, долгогодишен член и активист на СДСМ.

-Заев ти си за мене најголем лажго. Зошто? Затоа што ме гледаше во очи и ме лажеше. Не си ти тој вистинскиот како што ја покажуваш твојата лажна насмевка во јавноста. Да нема забуна, мојата критика не е за работа, за болест се работи, поточно за ретка болест за која нема лек и ништо од ветеното Зоране. Здравството ти е дно. Многу сум ти лута. Никогаш во иднина нема да те поддржам и запамти, „ВОИНИТЕ НИКОГАШ НЕ СПИЈАТ“.
Поради тој очај и мојата гордост се одјавувам од ФБ со моја активност на статуси се до наредни избори кога јас прва ќе застанам против тебе. Еднаш човек кога ќе ме повреди никогаш не му простувам. Јас во свој стил ќе ти вратам. А тие што лижат газови ќе се пензионират како лижачи, можете и таков закон по брза постапка да изгласате во Собрание, напиша таа.

Најнови вести