среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Мерката на владата за субвенционирање на платите е легализирање на сивата економија, наменета за фирмите на власта“

„Мерката на владата за субвенционирање на платите е легализирање на сивата економија, наменета за фирмите на власта“

Не постои работодавач кој при ист или намален обем на работа ги зголемува платите, бидејќи државата ќе ги субвенционира придонесите. Основа на оваа владина мерка е поделба на бизнисмените на оние кои работат според законите и ги плаќале придонесите на вкупната сума и на оние кои тоа не го правеле или дел давале на рака или популарно во плико, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на телевизија Алфа.

-Сега владата за да ја подобри статистиката, а не да го подобри стандардот и квалитетот на животот, посегнува по парите на граѓаните кои се собираат во Буџетот и по бизнисмените кои плаќаат во Буџетот и работат легално, да ја надополнат дупката кај оние малкумина кои се занимаваат со сива економија и дел од парите им ги давале на рака, објасни Мицкоски.

Тој посочи дека работниците ќе ги добиваат истите пари, само сега на сметка.

-Затоа ова не носи ништо ново, ова се случува зошто владата е неспособна за нови мерки и развој, туку пари на бизнисмените, граѓаните наместо да се инвестираат, нашите пари ги користи за легализирање на сивата економија, заклучи Мицкоски.

Најнови вести