За вчерашните случувања во ИВЗ се огласи и градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко кој посочи дека е против чинот на преземање на власта со насилство.
-Овој чин мора да биде осуден. ИВЗ како верска институција на исламската вероисповед треба да е автономна и како независна, внатрешните проблемите треба да ги решат автономните органи на ИВЗ, појасни Мерко.
-Чинот на преземање на власта употребувајќи насилство го нарушува уставниот поредок и демократските процеси на една земја, нагласи Мерко.