Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, ќе се поднови со четири нови автомобили, од кои и една луксузна лимузина. Вкупната вредност на набавката е 114.000 евра, иако општината за оваа набавка планираше да потрочи 100.000 евра, објави Фокус.
Договорот за набавката на лимузините бил склучен на 28 ноември, а денеска беше објавена на сајтот на Бирото за јавни набавки. Според договорот, ќе бидат набавени едно „ауди А6“, односно лимузина седан со четири врати, вредно 66.700 евра, „шкода октавија“, лимузина со пет седишта, а вредна 18.700 евра и две „шкода рапид“, исто така лимузини со пет седишта, а кои чинат по 14.205 евра.