среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицески се сретна со преставници на Независниот полициски синдикат

Мицески се сретна со преставници на Независниот полициски синдикат

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески и пратеникот Трајчо Димков остварија средба со преставниците на Независниот полициски синдикат на затворската полиција.

На средбата беше разговарано за Предлог закон за извршување на санкции кој е во собраниска процедура. Сите недостатоци и слабости како и предлози и идни решенија кои би можеле да бидат вклучени во законот, беа главна тема на дискусија на оваа средба.

Како синдикални преставници беа присутни, Гоце Делчев Тодев – Претседател на синдикатот, Орце Коцевски – Генерален секретар и Горан Ристески – Претседател на синдикатот на затворската полиција. Средбата се во канцеларијата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески.

Најнови вести