недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: Денеска има класично силување на демократијата во Македонија, се носат измени на Изборен законик без учество на опозицијата

Мицевски: Денеска има класично силување на демократијата во Македонија, се носат измени на Изборен законик без учество на опозицијата

Денеска има класично силување на демократијата во Република Македонија. Доставувате материјали за скратена постапка за донесување на измена на изборниот законик, преседан кој што се случува за прв пат во Република Македонија, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница.

– Преседаните се нешто кое што вие веќе ви помина во пракса. Пракса ви стана да правите преседани, потенцираше Мицевски.

Тој истакна дека покрај тоа се случува класичен циркус од страна на власта затоа што предлагаат закон по скратена постапка, а образложувачот на законот, заменик министерот на собраниската говорница зборува за друг закон.

– Заменик министерот вика нема големи измени и затоа предлагал законот да биде по скратена постапка Донесувате измена на Изборен законик без учество и консултации со опозицијата. И потоа повикувате на заедништво и активно учество на опозицијата, вели Мицевски.

Тој одговори и на обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ се против ЕУ и НАТО посочувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не само што не е против ЕУ и НАТО туку партијата тоа го има уште во повелбата за формирање уште кога некои од, како што рече, сегашнава власт биле романтични комунистички југоносталгичари.

Најнови вести