Скандал до скандал, непотизам до непотизам. Рената Дескоска повторно е вмешана во скандал каде што инсталира партиски кадри на СДСМ на важни позиции во државата, истакна Јане Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Најпрвин сама се кандидираше за член на Венецијанска комисија, па потоа воведе критериум за да мора сите кои полагаат правосуден испит да ги поседуваат книгите на нејзиниот сопруг, денеска ќе објавиме уште еден скандал на непотизам. Имено, Рената Дескоска во комисијата за полагање правосуден испит вдоми уште еден партиски приврзаник на СДСМ, а тоа е Тања Милева, сопруга на поранешниот кандидат за градоначалник на СДСМ од Радовиш и поранешен член на ДИК. Тања Милева е одбрана од Рената Дескоска да биде член во комисијата во делот за Кривично право. По кои критериуми е одбрана баш Тања Милева, сопругата на членот на СДСМ и близок до Заев, Игор Милев?, запраша Мицевски и додаде:
„Еве вака Рената Дескоска го руиниса правосудниот систем на Република Македонија. Еве вака функционираат СДСМ кога се на власт. Дескоска, Заев и СДСМ партизираат се што можат да партизираат и тоа со нивни најблиски членови. Ова е школски пример на непотизам и партизација. За ова мора да се сноси одговорност, а Рената Дескоска, да си оди од позицијата министер за правда и тоа веднаш“.