петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски кон пратениците од власта: Престанете да бидете здодевни со вашите игри и да ги изгласаме законите за да се реализира петтиот пакет мерки за погодените од короната

Мицевски кон пратениците од власта: Престанете да бидете здодевни со вашите игри и да ги изгласаме законите за да се реализира петтиот пакет мерки за погодените од короната

Очигледно дијалогот вроди со плод и се навраќеме на тоа што претходеше. Сега е 36 седница и со цел да имаме коректен однос кон сите лица погодени од последиците од корона кризата, а за кои треба да следи државна помош да бидеме конзистентни кон физичките и правни лица кои очекуваат помош, барам од пратениците на владеачкото мнозинство да го прифатат предлогот, од 36 седница да се разгледуваат сега само првата, деветата, десеттата, и единаесеттата точки кои се однесуваат токму на мерки за погодени од кризата, рече кординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница.

Според него предлогот треба да помине затоа што се однесува на конкретниот петти пакет мерки.

„Сега е важно да ги поминеме овие точки,“ кажа Мицевски.

Станува збор за предлог закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност за месеците февруари и март, предлог закон за поддршка на работодавачите погодени од кризата, предлог закон за изменување на закон за данок на личен доход по скратена постапка.

„Престанете да бидете здодевни со вашите игри“, рече Мицевски.

Најнови вести