понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: Лагите за трасата за автопатот Кичево- Охрид е најголемата лага со која што СДСМ дојде на власт

Мицевски: Лагите за трасата за автопатот Кичево- Охрид е најголемата лага со која што СДСМ дојде на власт

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денес на собраниската седница посочи дека министерот Сугарески ништо не исполни што вети пред граѓаните. Го потсети Сугарески што има говорено кога бил координатор на пратеничката група на СДСМ, а што говори сега.

-Почитуван, министер за транспорт и врски, драго ми е што сте овде, затоа што ве баравме на Комисијата за финансирање и буџет, три дена. И во документот кој што ние го добивме можеби е различен од Вашиот. Во претставници пишува Нина Ангеловска, министер за финансии, м-р. Горан Сугарески, министер за транспорт и врски и др. Ширет Елези, заменик министер за финансии. Јас го барав, меѓутоа повеќе го барав координаторот на пратеничката група од претходниот мандат г. Горан Сугарески отколку министерот Сугарески. Затоа што она што го видов во предлог законот кој што е испратен до Собранието на Република Македонија пишува – целта на проектот е подобрување на транспортните врски кон Охрид. Автопатската врска обезбедува високо ниво на услуги вклучувајќи брз, сигурен и безбеден сообраќај, заклучи Мицевски.

Мицевски го запраша Сугарески што се смени во цели, начела и основни решенија на ова законско решение. Дали е ова истото законско решение кое што тогаш беше понудено, а од страна на Сугарески и некогашните пратеници кои се и сега во сегашниот мандат беше потенцирано дека ова се најголемите криминали кои што се вршат во државата. Дека од овие проекти се земаат провизии од страна на одредени лица и дека ВМРО-ДПМНЕ ова го прави предизборно.

-Сега по неполни три години од тогаш го имаме господинот министер Сугарески кој што сосема на друг тон разговара. Да биде иронијата поголема неколку можеби и месец дена порано претседателот на тогашната Комисија за урбанизам од СДСМ г. Благој Бочварски на една од нашите национални телевизии излезе и кажа дека се согласува дека не била промашена трасата, можеби тоа е терминологија која што се употребувала не од СДСМ туку и од граѓаните и од медиумите, и можеби била преземена од СДСМ. Ова не е терминологија која што ја употребуваа граѓаните, медиумите и невладините организации туку ова е извор на терминологија на СДСМ со која што дојдоа на власт, истакна Мицевски.

Најнови вести