понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски од Делчево: Заев трет пат се обидува да избега од избори затоа што знае дека ќе ја изгуби власта

Мицевски од Делчево: Заев трет пат се обидува да избега од избори затоа што знае дека ќе ја изгуби власта

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денес беше во посета на Делчево.

Во врска со поднесената иницијатива во Собранието за распуштање на пратениците и очекувањата за однесувањето на пратениците од владеачкото мнозинство и идниот развој на настаните, Мицевски ги образложи мотивите за ваквата постапка.

-ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за распуштање на Собранието за да има формално правно материјал во процедура, затоа што гледаме дека Зоран Заев и раководстото на државата упорно бегаат од избори. Ова е трет обид на Зоран Заев да избега од избори. Иако имаше лидерска средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски, на која што лидерите на најголемите политички партии, се договорија за датумот на избори, повторно гледаме обид за бегство од избори. Зошто? Затоа што Зоран Заев знае дека граѓаните ќе ја казнат оваа деструктивана власт, затоа што овие луѓе за две ипол години успеаа да ја мрднат Македонија напред само на скалата на Транспаренси интернешнал, каде што сме најкорумпирана држава во Европа и на скалата на Економист според кој што сме хибриден режим. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе оваа иницијатива, очекуваме согласно договореното, ова Барање и овој договор на лидерите на партиите да го испочитува и Зоран Заев и да се соочи со граѓаните на Република Македонија, кои што ќе ги казнат лажните политики кои што се случуваат овие години, истакна тој.

Извор: Брегалнички

Најнови вести