недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: Ова е што денеска се случува е повторно кршење на процедурите, Деловникот и Уставот на Република Македонија

Мицевски: Ова е што денеска се случува е повторно кршење на процедурите, Деловникот и Уставот на Република Македонија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница рече дека на Комисијата за политички систем и законодавно-правната комисија било донесена одлука дека иницијатива за распишување референдум е уредна, при што пратениците од СДСМ гласале дека се исполнети условите.

-На пленарна седница без дискусија на пратеници од владејачкото мнозинство се донесува ново мислење, со којашто се прогласува дека оваа иницијатива е неуредна, истакна Мицевски.

Тој кажа дека не му било јасно како колегите пратеници кои гласале  дека иницијативата е уредна, како сега ќе гласаат дека оваа иницијатива е неуредна.

-Ниту имаше дебата, ниту некој ја успори уредноста на оваа иницијатива, и сега се донесуваме во една небуолозна состојба, вели Мицевски.

На крај тој додаде дека мислењето како што е донесено од комисијата за политички систем и законодавно-правната комисија треба да биде ставено како што е донесено од самите нив и дека ова што денеска се случува е повторно кршење на процедурите, Деловникот и Уставот на Република Македонија.

Најнови вести