Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната Собраниска седница која се одложуваше повеќе часа, а на која треба да се гласа за новиот Закон за јавно обвинителство истакна дека Талат Џафери учествува во кршењето на Деловникот на Собранието бидејќи одлука од Владата нема, а седницата на Собранието е закажана.
-Почитуван господине Џафери вие треба да го вратите овој материјал бидејќи на седницата на Владата нема одлука за повлекување и одлука за доставување на нов материјал во Собранието на Република Македонија. Врз основа на ова предлозите се неделовнички и соогласно деловникот имате обрска и право да го вратите предлогот на Законот за јавно обвинителство и советот на јавни обвинители до Владата и Владата откако на седница ќе го помине соогласно деловникот на Владата да ви ги достави предложените закони за да може вие да закажете седница. Вака господине Џафери учествувате во кршењето на Деловникот на Собранието, бидејќи одлука немаме, а седницата е закажана, вели Мицевски.