среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ работи во интерес на граѓаните, додека власта си поигрува и избегнува одговорност во Собранието

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ работи во интерес на граѓаните, додека власта си поигрува и избегнува одговорност во Собранието

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Отворено” на ТВ24 гостуваше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој се осврна на моменталната политичка ситуација во државата, нефункционалното Собрание, како и идните чекори на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицевски потенцираше дека Собранието е нефункционално, поради тоа што според сите анализи ВМРО-ДПМНЕ блокирало мал број на закони, поради тоа што истите закони сакаат да се донесат на мала врата без при тоа да бидат разгледани и анализирани. Тој додаде дека не е коректно од страна на власта да вели дека ВМРО-ДПМНЕ е кочничар на процесите, бидејќи тие се главните двигатели во Собранието и сносат најголема одговорност.

Мнозинството во Собранието не треба да ја префрла вината на опозициските партии партиципиенти во Собранието, затоа што неколку закони и пакети на мерки не се ставаат на дневен, а со таквиот начин на работа се кочат законите, односно во овој случај петтиот пакет на мерки.

– Мораме да внимаваме и да не се блокираат оние закони и важни работи кои што се од круцијална важност на граѓаните. Треба да се закажат комисии кои ги опфаќаат овие закони и за истите да се расправа, а потоа тие да се донесат во интерес на граѓаните. Едно мора да биде јасно, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ не ги блокира законите, туку работи во интерес на граѓаните и никогаш нема да ги загрози македонските интереси, вели Мицевски.

Мицевски додаде дека власта е таа која што е несериозна при работата во Собранието и освен користење на европското знаменце кога тоа е потребно, не работат ништо друго, односно тешките теми кои треба да се елаборираат, тие ги задскриваат. Според Мицевски, блокадата на Собранието е токму тука, односно во избегнувањето одговорност од страна на власта, која што поради неспособноста ги изложува граѓаните на ризик поради недонесените закони, заврши Мицевски.

Најнови вести