четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски за БТВ: ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на комисиската седница и ќе ги разбличи уставните амандмани

Мицевски за БТВ: ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на комисиската седница и ќе ги разбличи уставните амандмани

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во изјава за бугарската телевизија БТВ, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ останува на својата позиција, дека нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на собраниската комисија за уставни прашања и жестоко преку дебата ќе ги разболичи сите уставни амандмани, како и за се она што се случува изминатиот период во Македонија.

Во однос на правосудствто во Република Македонија и случаите против поранешниот премиер Никола Груевски, тој истакна дека се работи исклучиво за политички прогон на поранешниот премиер, односно дека апсурно е да го гонат Груевски за Мерцедес во кој што сега се вози Зоран Заев и високи странски претставници во посета на државата.

Мицевски на крајот додаде дека уште поскандалозно е дека во Преамбулата на Уставот ќе се вметне и Охридскиот рамковен договор за кого граѓаните воопшто не се изјаснуваа на референдумот.

Најнови вести