Истото што вие сега ме прашувате истото и јас сум го слушнал постојат некаков вид на такви материјали сум слушнал и се шпекулира во јавноста дека постои некое такво УСБ стикче кое што во судските, односно во обвинителството е заведено под број НСКРО 74/17 и дека на тоа стикче има доста работи со кои што можеби треба да се позанимава македонската јавност, но сето ова е на ниво на шпекулации јас немам потврдени информации за ова кое што вие ме прашувате и за она кое што јас го слушам.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарското прашање: На господинот Љупчо Палевски веќе 4 месеци не му се слушнало ни трага ни глас еве ние бараме одговори од српските органи никој ништо не кажува она што се шпекулира во јавноста е дека кај него постои некаков, некое УСБ на кое што има некои инкриминирачки материјали за господинот Зоран Заев и некои други политичари, сте побарале ли вие некакви одговори каде е Палевски дали е здрав и жив, дали е точно она што се шпекулира во јавноста?
-Но, навистина ако ова е точно тогаш е катастрофално, дури и го повикувам обвинителството дури и до таму се оди во тие шпекулации дека тоа стикче било најдено во моментот кога е вршен претрес кај еден од осомничените во случајот Рекет 1, и дека се наоѓа во обвинителството така што ако ова е вистина кое што вие ме прашувате, а јас исто така го слушам на ниво на шпекулации, тогаш навистина ќе биде уште еден пораз за македонското обвинителство и за македонското судство и доказ дека се тие денеска реформирани од како што велеше порано Зоран Заев од Сваровски во Луј Витон правосудство, додава Мицкоски.