Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување на телевизија 24 зборуваше за тоа како економијата и бизнис заедницата ќе се справи со ситуацијата поврзана со корона вирусот.
– Сите бевме загрижени како ќе се однесуваат во тој момент банките и сите се боревме да банките навистина превземат серизони чекори во тој моменти кој што ни ге преземаат делумно, а тоа беше одложувањето на обврските кон банките.
Инаку кога станува збор за бизнис заедницата ние имавме комплетно дијаметрално различен пристап од СДСМ во насока на делот на поддршката за бизнис заедница.Ние велевме дека никако не треба да се исклучи март и тоа се покажа сега затоа што ако вие го видите данокот кој што го собра УЈП во месец април и затоа ќе имаме деновиве дополнителна прес конференција , а се собираше за март и првиот квартал од 2020 година е за 3.3 милијарди денари помалку.