среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Ако се вистина најавите за отфрлање на иницијативата за Референдум, власта уште еднаш покажува дека бега од соочување со народот

Мицкоски: Ако се вистина најавите за отфрлање на иницијативата за Референдум, власта уште еднаш покажува дека бега од соочување со народот

Ако е вистина, уште еднаш власта покажува страв, уплашени се , бегаат од народот, бегаат од предвремени избори, бегаат од Референдум и навистина не знам дали го заслужуваат епитетот да бидат влада бидејќи еднинствено нешто од што не бегаат е криминалот, кражбата и тендерите во четири очи. Вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање за коментар околу најавите дека власта ќе ја отфрли иницијативата за Референдум.

Мицкоски додаде и дека доколку се случи иницијативата за Референдум биде отфрлена, власта жртвува дополнително влошување на односите со опозицијата, а единствен одговорен за тоа за тоа ќе биде Владата.

„Ако тоа навистина така се потврди, тогаш жртвуваат дополнително влошување на односите помеѓу Владата и опозицијата и предупредувам дека единствен одговорен за тоа ќе биде Владата во овие тешки времиња бидејќи не покажива демократски капацитет“, потенцираше Мицкоски.

Тој сепак остави простор дека најавите за отфрлање на иницијативата за Референдум ќе испаднат дека се само шпекулации и Парламентот ќе дозволи да се соберат потписите за народот да одлучи на Референдум.

„Стравот е едно, а соочувањето со народот е друго. Ние треба порано или подоцна да се соочиме со народот како политичари. Ова беше одлична можност заедно со Референдумот да се организираат и предвремени парламентарни избори, но сепак еве оставам да ова биде шпекулација, да не е вистина и да Парламентот, односно спикерот најпрвин дозволи да се соберат тие 150 илјади потписи, а потоа да се оди на Референдум па народот нека одлучи“, истакна Мицкоски.

Најнови вести