сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Да ги тргнеме овие лопови од политиката, тие се таму зошто освен крадење не знаат за ништо друго

Мицкоски: Да ги тргнеме овие лопови од политиката, тие се таму зошто освен крадење не знаат за ништо друго

Во своето гостување на Инфомакс во емисијата „неделен брифинг“ со Сотир Костов претседателот на ВМРО -ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека е потребно да се елиминираат лоповите од власта бидејќи, тие се таму зошто освен крадење друго ништо не знаат да работат.

-Токму двојниот попис создава недоверба, затоа велам еве имате можност електронски попис според Еуростат. Еве како што е еуростат во Словенија, во Данска, во Белгија направете го така, за да добиеме одговор на прашањето како да се развива оваа Македонија. Оставете ги процентите небитни се, баталете ја политиката, баталете го националниот шовинизам и реторика оставете го тоа на страна дајте луѓе децата дома да си ги задржиме и да ги елиминираме овие лопови во политиката, кои што крадат гласови од луѓето за да може да имаат убав живот бидејќи друго не знаат што да работат, кажа Мицкоски.

Најнови вести