Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ денеска на средба со граѓаните во општина Радовиш потенцираше дека новата иднина која ја ветуваат е влез во Европската унија без уцени и пазарења од кои граѓаните ќе се срамат, односно како што вели тој без подголтнување и грутка во грлата кога ќе сведочиме за цената која сме ја платиле, како што тоа е сега.
Новата иднина е да влеземе во Европската Унија, без уцени, без пазарења од кои ќе се срамиме, без да подголтнуваме и грутка во грлата кога ќе сведочиме за цената која сме ја платиле, како што тоа е сега, истакна тој.
Мицкоски потенцираше дека новата иднина е иднина на среќни луѓе, со сигурност, надеж и шанса.
Новата иднина е иднина на среќни луѓе, на сигурност, надеж и шанса. Во секој еден што го среќавам од неделата па наваму ја гледам таа искра на огромна надеж, а надежта во очите на народот е крикот дека доста е од поделби, од тешки времиња, криминали кои не се казнуваат, од арогантни политичари, од тоа да не се вреднуваат желбите и потребите на луѓето на чиј р`бет се носи оваа наша заедничка Македонија, рече Мицкоски.